Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Нема место за „црвено-црните“: Вардар не е фаворитите на ЕХФ за титулата во ЛШ

Објавено

на

Вардар оваа седмица по подолга пауза ќе одигра средба во Лигата на шампионите и тоа против Кјелце во Скопје во СЦ „Јане Сандански“.

Тој дуел е закажан за в четврток од 18:45 часот, а во пресрет на истиот или поточно новите возбудувања во елитното натпреварување ЕХФ излезе со листа на Топ 10 фаворити за пехарот, листа на која немаше место за „црвено-црните“.

Според досега одиграното, прикажаното за ЕХФ фаворит број еден е шпанскиот гигант Барселона по што следуваат Веспрем на нашиот Дејан Манасков и полски Кјелце.

Од 4 до 10 место се уште бундеслигашите Кил и Флензбург, Алборг, Порто за кого брани Никола Митервски, Мешков Брест, Нант на капитенот Кире Лазаров и украински Мотор Запорожје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни