Поврзете се со нас

Германија

Не помогна ниту Горецка: Фортуна Дизелдорф го разби Бохум во битката за место во Бундеслигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/f95

Фортуна Дизелдорф го уништи Бохум со 3-0 во првиот меч за местото во Бундеслигата во натпреварувачката 2024/2025.

Бохум како прволигаш сака да ја одбрани таа позиција, но во моментов е далеку од таа цел особено по вечерашниот настап каде беше понижен на домашен терен од актуелниот второлигаш.

Домаќините ја имаа поддршката на ѕвездата на Баерн Минхен, Леон Горецка кој потекнува од Бохум, меѓутоа и неговото присуство не беше доволна мотивација да се направи повеќе, поточно се дојде до добар резултат пред реваншот закажан за 27 мај.

Хофман со автогол во 13 минути ги израдува гостите кои во вториот дел дадоа уште два гола и се на добар пат да изборат промоција во најсилната германска елитна конкуренција. Инаку нашиот Агон Елези не беше во комбинација за настап кај домаќините.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни