Поврзете се со нас

Германија

Нагелсман ја реши голманската дилема за ЕП, но тоа му донесе лоша среќа на Нојер (Фото)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayernEN

Мануел Нојер денеска беше потврден како прв голман од Јулијан Нагелсман за Европското првенство кое ќе се игра на германско тло, но само неколку часа подоцна, капитенот заработи повреда и морал да го напушти репрезентативниот камп.

Оваа вест првично ја пренесе угледниот „Билд“, а Баерн како клуб се јави со официјално соопштение и само потврди дека голманот скинал мускулно влакно и ќе мора да се врати во Минхен.

Според најавите, Нојер ќе мора да направи нови испитувања за да се означи колку точно ќе мора да паузира, а фановите на Баерн посебно стравуваат бидејќи на почетокот на месец април се игра четвртфиналето во Лигата на шампионите против Арсенал.

Во официјалното соопштение на баварците не се открива колку точно ќе паузира Нојер, па за очекување е повеќе информации за да има во наредните неколку дена.

Паралелно со оваа вест, Баерн информираше дека е повреден и десниот бек Саша Бои, а тој ќе паузира околу шест недели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни