Поврзете се со нас

Германија

Нагелсман: Халанд е одличен, но ние имаме напаѓач од светска класа

Објавено

на

Баерн Минхен ќе се соочи со Борусија Дортмунд во германскиот Супер куп, а тренерот Јулијан Нагелсман ќе се обиде да го освои првиот трофеј со Баварците.

Младиот стручњак денеска зборувал за противникот и најмногу за напаѓачот Ерлинг Халанд, кој ќе биде најголема опасност за Мануел Нојер.

– Она што го прави Халанд во Борусија е неверојатно, навистина фантастичен напаѓач.

– Не треба да му оставаме простор за спринтови, бидејќи трча со брзина од 36 км/ч. Ние го имаме најдобриот голман во светот, но фудбалот е колективна игра, – изјавил тренерот на Баерн.

Тој смета дека Роберт Левандовски е повеќе од соодветен одговор на Халанд.

– Со години Левандовски докажува дека е напаѓач од светска класа. Двајцата се различен тип напаѓачи, но Левандовски е поискусен и среќен сум што го имам во составот, – рекол Нагелсман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни