Поврзете се со нас

Македонија

МЗТ го загуби трпението со Петровиќ и даде образложение за прекинот на соработката

Објавено

на

МЗТ Скопје подолго време уверуваше дека има безусловна доверба во својот тренер Александар Петровиќ, но последниот пораз од Сплит во борбата за опстанок во АБА лигата, очигледно го наруши цело позитивно расположение кај раководството.

Македонскиот шампион ова попладне ја информираше јавнсота дека е прекината соработката со тренерот на првиот тим, пред се поради поразите од Борац Чачак и Сплит.

– По серијата порази во АБА, меѓу кои беа двата на домашен терен против директните конкуренти за опстанок, Борац Чачак и Сплит, управата на клубот и тренерот Александар Петровиќ се договорија предвреме да ја прекинат меѓусебната соработка.

– Искусниот стратег својот трет мандат на сино-белата клупа го почна во март годинава, откако претходно беше предводник на нашиот тим во периодот помеѓу 2001 и 2007 година односно помеѓу 2009 и 2011 година. Петровиќ минатата сезона ја одбрани домашната титула, а во АБА2 обезбеди промоција и покрај поразот во финалето на завршниот турнир против Златибор.

– Сезонава во Првата лига оствари учинок 9-1, но во јадранската конкуренција тимот оствари само две победи во вкупно 12 средби поради што е последнопласиран на табелата. На Петровиќ му благодариме за сѐ што направи на клупата на нашиот клуб и му посакуваме среќа во понатамошната кариера. Потрагата по неговата замена веќе е почната, а со оглед на обрските кои нѐ очекуваат во домашна и регионална сцена, веруваме дека името на новиот тренер ќе можеме набрзо да го објавиме.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни