Поврзете се со нас

Македонија

Металург подобар од Тинекс Пролет, фаворитот убедлив во Битола

Објавено

на

Ракометарите на Металург имаа комплицирана недела во која најавија штрајк, па им се вратија на клупските обврски, а денеска го совладаа скопскиот ривал Тинекс Пролет со 29:31.

Составот од „Автокоманда“ на полувреме водеше со 13:16, а задржа најголем дел од предноста и во продолжението, при што Хорват со 12 голови бил најефикасен на теренот.

Во „братската“ пресметка меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Еурофарм Пелистер очекувано славеше фаворитот со 20:38, со што денешните „гости“ остануваат со ист број бодови со Вардар, кој утре ќе има рутинска задача против Скопје.

Струга го победи Радовиш на домашен терен со 24:20, додека Бутел оствари важен триумф на гостувањето кај РК Прилеп со резултат 23:26. Мајиќ со 7 и Јевтиќ со 6 голови биле најефикасни кај гостите од Скопје кои се зацврстија на третото место на табелата.

Табела: Еурофарм П 33, Вардар 30 (-1), Бутел 27, Еурофарм 2 24, Тиквеш 21, Тинекс Пролет 21

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни