Поврзете се со нас

Франција

Меси се огласи и им се извини на соиграчите и клубот: Искрено мислев…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/PSG

Лионел Меси во изминативе денови беше актуелен во јавноста поради казната која неговиот Пари Сен Жермен ми ја додели откако без дозвола отпатува во Саудиска Арабија.

Аргентинецот имал некој спонзорски обврски кои одлучи да ги заврши, но поради тоа доби двонеделна суспензија според која нема да тренира со првата екипа, нема да игра натпревари, а во исто време и нема да добие плата, пари за овој период.

Ветеранот сфати што направи, се покаја и преку видео им се извини на соиграчите и клубот.

-Здраво на сите, сакав да го направам ова видео по се што се случи. Прво им се извинувам на моите соиграчи во клубот. Искрено мислев ќе имаме слободен ден по натпреварот како што секогаш имаме. Го имав органирано ова патување во Саудиска Арабија кое веќе претходно го откажав и не можев пак тоа да го направам.

-Уште еднаш се извинувам за тоа што го направив. Тука сум и чекам да видам што клубот сака да направам, ништо повеќе. Прегратка,  -порача Лео во своето обраќање.

Во изминативе денови дел од навивачите на ПСЖ го наредуваа Меси, па се чини неговата приказна на „Паркот на принцовите“ е веќе завршена.

Навивачите на ПСЖ жестоко го навредуваа Меси (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни