Свет
Меси имал замислено сценарио: Ако не станевме светски шампиони……
Лионел Меси ги пропушти пријателските натпревари кои ги одигра Аргентина поради мала мускулна повреда, но поради тоа што двата меча се играа во Америка, капитенот беше блиску до своите соиграчи.
„Гаучосите“ остварија сигурни победи над Салвадор и Костарика и како актуелни светски шампиони ја покажаа својата класа и без својот капитен, кој пак вели дека засега не размислува за повлекување од националниот тим.
Меси во јуни ќе наполни 37 години и полека ќе влезе во завршната етапа од својата кариера, но се додека се чувствува добро и се додека постои добра вибрација во актуелниот тим, Лео не планира да се повлече.
– Знам дека ќе го препознаам моментот кога веќе нема да бидам на ниво и кога веќе нема да уживам во фудбалот. Кога нема да можам да им помагам на соиграчите, сам ќе си одам. Јас сум многу самокритичен, знам кога сум добар, а кога сум лош. Кога ќе мислам дека е време за тој момент, ќе се повлечам без оглед на годините. Се додека се чувствувам добро, ќе се обидам да продолжам и да им помогнам на соиграчите. Се уште му се радувам на фудбалот.
– Тоа што станавме светски шампиони е нешто посебно за нашите семејства, за цела Арргентина. Тие магични спомени вечно ќе ги носиме со нас. Ако не го освоевме Светското првенство, сигурно ќе ја напуштев селекцијата. За среќа, станавме шампиони и донесовме голема радост за Аргентина, сакам да уживам во тој момент, – потенцира Меси.
-
НБАпред 3 часа
Брансон како Џордан и Леброн, познато е првото полуфинале на Истокот (ВИДЕО)
-
НБАпред 16 часа
Баркли за неуспехот на Лејкерс и Феникс: Има само една причина за тоа
-
Лига на шампионипред 24 часа
Дортмунд за играчот кој беше незадржлив против ПСЖ: Сите му должите извинување (ФОТО)
-
Италијапред 17 часа
Ибрахимовиќ за големата загуба: Последен пат плачев по неговата смрт
-
Англијапред 23 часа
Опции за Португалецот: Пет клубa во кои Фернандеш може да направи трансфер ова лето
-
НБАпред 20 часа
НБА Топ 5: Шоу на Дончиќ и Ирвинг против Клиперс (ВИДЕО)
-
АТПпред 23 часа
Алкарас: Едвај чекам да го видам Ѓоковиќ
-
Англијапред 17 часа
Невил за „траумите“ од тренерското искуство во Ла Лига: Тој не сакаше ни да се ракува со мене