Поврзете се со нас

Светски првенства

Меси го израмни Матеус, па со голот против Хрватска го урна рекордот на Батистута (Видео)

Објавено

на

Првите 30 минути не донесоа големи возбудувања на „Лусаил“ стадионот во Катар, но кога владееше затишје на теренот, се случи една аргентинска бура по одличната топка која ја доби Алварез.

Младиот напаѓач на Манчестер Сити се избори за пенал откако првиот негов удар заврши неуспешно, а иако Хрватите протестираа, Орсато беше убеден дека носи правилна одлука.

Со ударот од 11 метри, Лионел Меси го постигна својот петти гол на ова Светско првенство во Катар, но истовремено го урна рекордот на Габриел Батистута.

На натпреварот со Холандија, Меси се израмни со Батигол и стигна до 10-от погодок, но вечерва стана Аргентинецот со најмногу постигнати голови на мундијалите.

Претходно, со самиот старт на мечот, Меси го израмни и рекордот на Лотар Матеус со најмногу настапи на Светските првенства (25).

По голот на Меси од пенал, одбраната на Хрватска капитулираше уште еднаш, а стрелец на голот за 2:0 беше Алварез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни