Поврзете се со нас

Шпанија

Медиумите ги открија зборовите со кои Лапорта му го соопштил отказот на Чави

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Еден месец по објавата дека Чави Ернандес ќе го доработи договорот со Барселона и дека ќе го води тимот наредната сезоан, повторно дојде до еден непредвидлив сплет на околности во Каталонија, па така вчера официјално беше соопштено дека легендарниот капитен сепак нема да биде дел од стручниот штаб во новата кампања.

Водечките луѓе на клубот предводени од Жоан Лапорта му врачија отказ на Чави четири седмици по вонредната прес-конференција која се одржа во клупските простории, а оваа одлука за многумина е несфатлива, особено поради фактот што Лапорта плачеше при обраќањето минатиот месец и тврдеше дека Ернандес е вистинскиот човек за проектот на Барса.

Работите драстично се променија откако Чави имаше искрена изјава пред мечот со Алмерија кога порача дека Барселона не може играчки и финансиски да се носи со Реал Мадррид и останатите најголеми клубови во Европа, што на крајот направи Лапорта да го промени мислењето и да бара замена за својот добар пријател.

Барселона доста брзо го договори Ханси Флик, а вчера на Чави само му било потврдено она што Лапорта му го најавил уште на крајот на минатата седмица по мечот со Рајо Валјекано.

Претседателот на Барселона бил испратен во болница по крајот на мечот поради пневмонија и од болничкиот кревет му соопштил на Чави дека ги брои последните денови како тренер, одлука која вчера само ја потврдил откако неговата здравствена состојба се подобрила.

КАко што јавуваат каталонските медиуми, Лапорта со една реченица го резимирал сето она што го чувствува во себе за Чави, по што тренерот морал да ја прифати одлуката на претседателот.

– Ако се однесувам емотивно и ако го слушам срцето, тогаш сакам да останеш. Но, ако бидеме логични и размислуваме со глава, најдобро е да е останеш во тимот, – му порачал Лапорта на Чави, образложувајќи му на тренерот дека главна причина за отказот е тоа што не верува во квалитетите на актуелниот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни