Поврзете се со нас

Франција

Мбапе првпат ги коментирал провокациите на аргентинскиот голман Мартинез

Објавено

на

Килијан Мбапе вчера му донесе победа на ПСЖ над Стразбур и уште еднаш ги израдува фановите на францускиот шампион, а по средбата разговарал и со присутните новинари.

Од францускиот репрезентативец било побарано да ги коментира провокациите на Емилијано Мартинез, голманот на Аргентина кој претера со провокациите на сметка на Мбапе по триумфот на „гаучосите“.

– Неговите потези не се мој проблем.

– Немам енергија за трошење на такви бесмислени работи.

– Никогаш нема да го заборавам поразот во финалето, но како што им реков и на тренерот и соиграчите, клубот нема да страда за мојот пораз со репрезентацијата. Тоа се две различни работи, – изјавил Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни