Поврзете се со нас

Европски првенства

Македонските кошаркарски надежи обезбедија финале на ЕП и пласман во елитната дивизија

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 20 години оствари голема победа над Украина (66:53) и избори место во финалето на Европското првенство – Б дивизија во Скопје.

Ова истовремено значи дека избраниците на Никола Василев ќе бидат една од двете селекции кои ќе напредуваат и обезбедија пласман во елитната дивизија на европските првенства.

Македонија ја заслужи победата со постојана контрола на резултатот, на полувреме имаше плус осум, а Украинците иако се обидоа, не успеаја да направат пресврт и на крајот мораа да го прифатат поразот во полуфиналето во салата во СЦ „Борис Трајковски“.

Мемед со 24 и Хот со 12 поени беа најдобри реализатори во македонскиот состав, додека Симиќ го заврши натпреварот со 8 поени и 11 скокови.

Во финалето на ЕП, Македонија ќе игра против Чешка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни