Поврзете се со нас

Македонија

Македонија и РФМ ја добија организацијата на женско У-18 Светско првенство

Објавено

на

Ракометната федерација на Македонија и Македонија ќе бидат домаќини на Светското првенство за кадетки кое ќе се одржи оваа година.

Ова денеска го потврди Светската ракометна федерација (ИХФ), која со допис до РФМ потврди дека ја прифатила солуцијата Македонија да го преземе организирањето на турнирот од Грузија.

Грузијците кои првично требаше да го организираат овој У-18 мундијал се повлекоа поради актуелната безбедносна ситуација во нивниот регион, а ИХФ уште еднаш потврди дека има голема доверба во РФМ како организатор на ваквите значајни турнири.

СП е планирано меѓу 30. јули и 10. август, а натпреварите ќе се играат во салите во СЦ „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“ во Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни