Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул остана без една опција во нападот во важен момент

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Евертон е следен противник на Ливерпул, а екипата која се бори за титулата на незгодното градско дерби нема да смета на Диого Жота.

Менаџерот Јирген Клоп денеска потврдил дека Португалецот заработил нова повреда и повторно оди на пауза, со што нема да може да им помогне на соиграчите во навистина важни моменти.

Жота беше стрелец на дуелот со Фулам, но по натпреварот се пожалил на болка и сега е потврдено дека го очекува пауза која ќе трае најмалку две недели.

– Диого постигна гол, но почувствува и болка, која следните денови стана поголема. Не се работи за нешто сериозно, но е доволно да не игра барем две недели, – изјавил Клоп.

Ливерпул не смее да си дозволи нов кикс по тие против Манчестер Јунајтед и Кристал Палас, а по утрешното гостување кај Евертон, ќе игра против Вест Хем во Лондон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни