Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Левандовски за шансите на „милионерите“: Ќе стискам палци за Борусија во финалето на „Вембли“

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Роберт Левандовски полека се подготвува за последниот меч од втората сезона како играч на Барселона и веќе со сите мисли е насочен кон третата која следи, но пред да замине на летен одмор, ќе мора да гледа уште еден важен натпревар кој ќе го игра најголемиот ривал на каталонскиот гигант.

Левандовски навиваше за Баерн Минхен во полуфиналето против Реал Мадрид и ги предупреди баварците дека може да настрадаат на „Сантијаго Бернабеу“, па откако неговата најава се оствари, сега му преостанува да навива за неговиот втор клуб од Германија.

Борусија на 1-ви јуни ќе го предизвика Реал во големото финале во Лигата на шампионите, натпревар на кој „милионерите“ ќе се обидат да стигнат до својата втора титула.

Левандовски е свесен дека Реал влегува како голем фаворит во финалето, но истовремено се надева дека може да се случи чудо во Лондон.

– Секако дека ќе навивам за Борусија. Можам да замислам каква ќе биде атмосферата, бидејќи веќе играв едно финале на „Вембли“ како член на Борусија. Добро се сеќавам на патот до Лондон, на атмосферата. Ова ќе биде последен меч за Ројс како играч на Борусија и може да остави големо наследство. Реал Мадрид секогаш е Реал во финалињата, но понекогаш се случуваат и чудни работи во фудбалот. Ќе стискам палци за Борусија во финалето, – вели Левандовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни