Поврзете се со нас

Германија

Легендите на Баерн распалија по Нојер: Не треба да заигра после ова

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Мануел Нојер предизвика неочекуван потрес во Минхен и неговото брутално интервју е топ тема во Минхен веќе 48 часа, што според дел од јавноста е најлоша можна вест за Јулијан Нагелсман и останатите соиграчи во овој чувствителен дел од натпреварувачката сезона.

Капитенот на тимот реши да го нападне раководството за отказот кој му беше врачен на Тони Тапаловиќ, но покрај тоа што доби одговор од внатрешноста на клубот, се погласни се и останатите легенди на Баерн кој работат како фудбалски експерти.

По Оливер Кан, со негативни коментари за интервјуто на Нојер излегоа и Лотар Матеус и Хасан Салихамиџиќ, но сепак најдрзок беше Дитмар Хаман кој смета дека Нојер веќе не треба да игра за Баерн.

– Нојер претера со својата изјава. Неговите зборови беа тешки и нема да му биде лесно да ја поправи оваа ситуација. На крајот од денот, никој не умре, беше врачен отказ. Мануел мора да го прифати тоа спортски и професионално, а не јавно да коментира и да го напаѓа својот клуб, – порача Матеус.

– Знам дека нашата одлука лично влијаеше на Нојер, но се очекува друго однесување од него како капитен. Одлуката која беше тешка и за нас, нема никаква врска со Нојер и тоа му го објаснивме. Ќе мора да разговараме со него, Мануел ги стави своите интереси пред оние на клубот. Ќе разговараме за тоа со него мирно и интерно, – најави директорот на Баерн, Брацо Салихамиџиќ.

– Заминувањето на Тапаловиќ за мене е најдобро решение за клубот. Изјавите на Нојер се срамни, со тие зборови ја покажува својата суета и се стави себе на прво место пред клубот. Сметам дека веќе не треба да заигра за Баерн, – порача Диди Хаман.

Нојер со жестоко интервју го нападна Баерн: Ми го откорнаа срцето, не сум доживеал нешто побрутално!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни