Германија
Нојер со жестоко интервју го нападна Баерн: Ми го откорнаа срцето, не сум доживеал нешто побрутално!

Мануел Нојер заработи тешка повреда и направи операција по Светското првенство во Катар, но во ситуација кога е во аут до крајот на сезоната, капитенот на првиот тим ги разгоре страстите во Баварија со ексклузивното интервју кое го направи за „Атлетик“.
Нојер го искажа сето свое незадоволство за отказот кој го доби неговиот добар пријател и близок соработник од Баерн Минхен, откако клубот доста неочекувано реши да го отпушти долгогодишниот тренер на голманите, Тони Тапаловиќ.
Германските медиуми веќе пренесоа дека Нојер е лут и емотивно повреен од бруталниот отказ кој го заработи Тапаловиќ, а сега јавно се огласи и Нојер кој со своите зборови јасно е дека ги прозва директорите Оливер Кан и Брацо Салихамиџиќ.
– Тој удар навистина многу ме погоди. Ја дознав одлуката од директорите на клубот и истата дојде од никаде. Тони исто така беше изненаден. Воопшто не можев да ја разберам таа одлука, вистината е дека таа одлука ме раскина. Тони секогаш беше тимски играч, сите во првиот тим го гледавме така.
– Тој не работеше за мене, работеше за целиот тим. Ние голманите работиме како тим и за мене тоа беше сериозен удар. Кога веќе бев на подот со повредата, почувствував како да ми го откорнаа срцето. Тоа е најбруталното нешто што сум го доживеал во кариерата, а имам доживеано многу работи. Ние си работиме како тим и имаше луѓе кои плачеа за оваа одлука, тоа доволно кажува што мислевме за Тони. Тој беше популарен во целиот тим, – порача Нојер, кој според проценките, ќе добие казна од клубот за ваквото интервју.
-
Македонијапред 11 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Англијапред 21 час
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Лига на шампионипред 8 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Германијапред 19 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 18 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 18 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 21 час
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 22 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……