Поврзете се со нас

Европски купови

Лазаров по првиот европски пораз на Алкалоид: Проблемот не беше во одбраната

Објавено

на

Алкалоид на моменти прикажа добра игра и успеваше да му парира на српскиот шампион, но Војводина покажа дека е подобар тим во овој момент и воедно ги потврди најавите на Кирил Лазаров.

Македонскиот селектор кој е и тренер на Алкалоид уште на воведниот прес нагласи дека Војводина е подобар тим од македонскиот вицешампион, но се чини дека денеска најмногу пресудија неискуството и почетничките грешки во одредени ситуации.

Алкалоид не успеа да реализира пет пенали во текот на мечот кој заврши 26:31, но притоа домашните ракометари не реализираа и уште неколку зицери.

– Јас и на пресот пред натпреварот нагласив дкеа Војводина е подобар тим од нас. Тоа го потврдија денеска и заслужено победија, затоа им честитам. Тие десетпати по ред се шампиони на Србија и тоа говори доволно за нив.

– Искрено, не сум задоволен од играта на мојот тим, кога ќе промашиш пет пенали и низа зицери на вака сериозен меч во Европа, невозможо е да барате победа против тим како Војводина. Сега следат денови за анализа, се надевам дека ќе бидеме подобро подготвени на следниот меч. Денеска проблемот не беше во одбраната, туку во нападот. Не најдовме одговор за нивната зона, а вакви работи ни се случуваат и во домашното првенство. Мора да работиме на реализацијата, не можеме да промашуваме толку зицери, – изјави Лазаров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни