Поврзете се со нас

Шпанија

Лапорта го прекина молкот со бурно обраќање, не исклучува и преигрување на „Ел Класико“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Жоан Лапорта вчера со насмевка на лицето му подаде рака на Флорентино Перез по последниот судиски свиреж на „Ел Класико“, но денеска се јави со подолго институационално обраќање и најави дека клубот очекува одговори од одговорните луѓе во Ла Лига и шпанската Федерација.

Првиот човек на Барса бара целосна документација од видео анализата и фотографиите кои биле направени во ВАР собата, откако судиите проценија дека „фантомскиот гол“ на Ламине Јамал не треба да важи

– Како претседател на ФК Барселона, сакам да го пренесам незадоволството што еден ден по еден од најважните натпревари во светот, ние зборуваме за злоупотребата на алатка како што е ВАР. Како што знаете, никогаш не сум бил голем бранител на ВАР бидејќи оваа алатка ја одзема спонтаноста во фудбалот. Но, она за што се залагам е да се користи секогаш кога треба да се избегнат грешки кои можат да доведат до нефер одлуки.

– Со ова мое обраќање, не само што сакам да ја искажам непријатноста која ја чувствуваат навивачите на Барселона поради лошото раководење на ВАР, туку да истакнам дека и покрај тоа што е алатка која постои веќе некое време, ние продолжуваме да предизвикуваме конфузија и контрадикторни критериуми во зависност од натпреварите и тимовите кои играат. Како претседател на ФК Барселона, исто така сакам да ја истакнам моќта на нашето натпреварување и сакам да нагласам дека сме успешно натпреварување проследено од милиони следбеници насекаде, но тоа не значи дека можеме да останеме недопрени од критики кога употребата на ВАР е погрешна.

-Ја разбираме тешкотијата која ја носи со себе судиската работа, но токму поради оваа причина постојат алатки како ВАРР кои треба да помогнат да се има пофер судење, а не обратно. Вчера имаше неколку дискутабилни одлуки, но од сите има една која е суштинска и која може да доведе до промена на конечниот резултат на натпреварот. Мислам на таканаречениот фантомски гол на Ламин. Како клуб сакаме да бидеме сигурни што се случило и затоа ве известувам дека од ФК Барселона веднаш ќе побараме од Техничкиот комитет на судии и од Шпанската фудбалска федерација да ни ги достават сите слики и аудио снимки генерирани од натпреварот.

– Ако по анализата на оваа документација утвриме дека настанала грешка при проценката, ќе ги спроведеме сите соодветни активности за да ја смениме ситуацијата. Доколку се потврди дека тоа било регуларен гол, ќе одиме понатаму и не исклучуваме да бараме преигрување на натпреварот, како што тоа веќе се случи на европски натпревар од друго првенство поради грешка на ВАР, – порача Лапорта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни