Поврзете се со нас

Англија

Конте смета дека Тотенхем е недораснат за ЛШ и покрај потрошените 170 милиони фунти

Објавено

на

Тотенхем се издвои како јасен фаворит од страна на експертите во конкуренција на Спортинг, Ајнтрахт Франкфурт и Марсеј, но засега оваа група изгледа многу израмнета и тоа ни го покажаа вчерашните натпревари во Лигата на шампионите.

Марсеј кој влезе без победа во третото коло успеа да слави над Спортинг со високи 4:1, додека Тотенхем одново имаше разочарувачко издание и одигра скромни 0:0 против Ајнтрахт во Германија.

По три рунди, секој тим има свои шанси за пласман во осминафиналето и следните три кола ќе го дадат конечниот одговор, но Антонио Конте веќе почна да добива прашања зошто неговиот тим изгледа доста неубедливо во Европа.

Тотенхем потроши 170 милиони фунти на засилувања изминатово лето, но според Конте, тоа е недоволно за да се носат со најдобрите тимови на стариот континент.

– Минатата сезона не бевме доволно добри за да се бориме во две натпреварувања. Сега сакаме да одиме чекор по чекор, да бидеме трпеливи и да си дадеме време. Потребно е време за да се создаде важен тим за натпреварување какво што е Лигата на шампиони.

– Тешко е да правите големи ротации во ова натпреварување. Клубот е запознаен со оваа тема и сите сме уверени дека треба да одиме чекор по чекор. Зборував и околу идните засилувања. Еден трансфер маркет не е доволен, потребни се повеќе трансфер пазари за да бидеме на добро ниво. Истовремено, сфаќаме дека мора да се натпреваруваме и ќе го дадеме најдоброто од себе до крајот, – изјави Конте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни