Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Клинсман: Интер има играч кој ме потсетува на Матеус

Објавено

на

Јирген Клинсман се сметаше за еден од најдобрите и најпосакувани напаѓачи во Европа во 90-тите години на минатиот век, период во кој ги бранеше и боите на Интер како ударна игла во нападот на „нераѕурите“.

Легендарниот Германец оствари големи успеси со репрезентацијата и имаше фантастична клупска кариера, но како следбеник на сето она што се случува во Интер, испрати порака до избраниците на Симоне Инѕаги пред вечерашното гостување на „Енфилд Роуд“.

Ливерпул победи 0:2 на првиот меч и многумина сметаат дека работата е завршена, но според Клинсман, токму тоа може да биде предноста за италијанскиот состав.

– Секогаш постои шанса во фудбалот, можат да се случат работи кои никогаш не сте ги замислиле во период од 90 минути. Ливерпул е извонреден тим, но сепак тоа е тим составен од луѓе. Интер нема што да загуби и ако постигне гол во првото полувреме, се може да се случи.

– Интер направи се добро на првиот меч, му недостасуваше само гол. Ќе мора да се борат како лавови на „Енфилд“, добар меч против Ливерпул ќе им даде самодоверба и за сезоната во Серија А, – вели Клинсман кој потенцира дека отсуството на Николо Барела е огромен хендикеп за Интер.

Играчот за врска заработи црвен картон против Реал Мадрид, па по добиената суспензија од два меча, ги пропушта двете осминафинални пресметки со Ливерпул.

– Барела е играч кој ме потсетува на Лотар Матеус. Интер има комплетен играч во него и секако дека многу недостасува. Имам само една критика за него. Понекогаш сака да направи премногу на теренот, мора да направи пауза и да се смири, – додава Клинсман во интервјуто за „Газета“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни