Поврзете се со нас

Светски првенства

Карлос за тоа за кого ќе навива во финалето на СП: Ние Бразилците…

Објавено

на

Во недела се игра големото финале на 22. фудбалски Мундијал во кој битката за „Божицата“ ќе ја водат Аргентина и Франција.

Тоа се две селекции, држави кои досега по два пати се радувале на оваа сцена што значи дека една од нив ќе дојде во третата ѕвезда. Сосема очекувано пред еден ваков настан има доста коментари, анализи, предвидувања, различни ставови со тоа што дефинитивно големо внимание привлекуваат оние од Бразил.

Познато е ривалството на „кариоките“ со Аргентинците, па така легендарниот Роналдо и Жулио Сезар порачаа јасно и директно дека нема да ги поддржат „гаучосите“, додека пак Ривалдо истакна дека неговиот фаворит е токму Аргентина пред се поради Лео Меси.

Поранешен бразилски голман: Се знае за кого треба да навиваме во финалето

Роналдо го посочи најдобриот играч на мундијалот во Катар: Гледам изразит фаворит за титулата

Ривалдо ќе навива за Аргентина: Меси ти заслужи да бидеш шампион, Господ ќе те круниса во недела!

Роберто Карлос пак не сакаше да заземе страна, беше многу јасен и порача:

-Нема да навивам за Аргентина. Ние Бразилците немаме друга репрезентација за поддршка. Ние сме заинтересирани само за нашиот тим. Аргентина и Франција направија голема работа со пласманот во финалето, нека победи подобриот, -порача легендарниот Карлос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни