Поврзете се со нас

Свет

Капело наброја само четири генијалци во фудбалската историја, Кристијано не е меѓу нив

Објавено

на

Foto:instagram.com/leomessi

Вчера се одржа „Лауреус“ церемонијата во Мадрид и шпанската престолнина беше збирно место на многу големи фудаблски имиња, а едно од нив беше и легендарниот Фабио Капело.

Италијанецот веќе со години наназад е заштитно лице на „Лауреус“, па така Италијанецот имаше посебна прилика да зборува со новинарите, на кои покрај тоа што им ги откри своите импресии од последното „Ел Класико“ дерби, говореше и за својот став од пред една година.

Капело тогаш нагласи дека постојат само тројца генијалци во историјата на фудбалот, а сега го придодаде и Роналдо Феномено, играчот кој интересно тој го избрка од Реал Мадрид поради прекумерна тежина.

– Кристијано Роналдо е одличен играч, освои многу титули, ја освои и „Златна топка“, но не е толку голем како Меси, не е генијалец како Меси. Лео првпат го гледав на Гампер Купот и после 20 или 25 минути од натпреварот му пријдов на Рајкард и го замолив да ми го позајми. Тоа е фудбалски гениј.

– Младиот Ламин Јамал исто така има голем потенцијал од Барселона, поседува квалитет и многу е интересен, но нема да биде генијалец како Меси. Меси, Пеле и Марадона беа тројцата генијалци. Кога зборуваме за генијалци, може да го придодадеме уште Роналдо Феномено, – изјавил Капело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни