Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ издоминира и со рани на рацете, Ембид се приближи до рекорд на Абдул-Џабар

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Денвер Нагетс немаше многу проблеми на гостувањето кај Бруклин Нетс, но првата ѕвезда Никола Јокиќ заработи рани на рацете по дуелите со противничките кошаркари.

Српскиот центар го заврши дуелот со 31 поен и 11 скокови, а еден поен повеќе од него постигна Мареј, со што актуелниот НБА шампион забележа уште една победа во регуларниот дел од сезоната.

Камерите го уловија моментот во кој лекарскиот тим на Денвер ги санира повредите на Јокиќ за време на тајм-аут, но се чини дека двократниот МВП е навикнат на вакви ситуации и тоа не му наштети на неговиот ефект за време на натпреварот.

Џоел Ембид со 31 поен и 10 скокови беше еден од најзаслужните за триумфот на Филаделфија над Торонто, а со индивидуалниот ефект стигна до 13. натпревар со најмалку 30 поени и 10 скокови. Во историјата таков ефект имале уште само Вилт Чембрлејн и Елџин Бејлор, како и Карим Абдул-Џабар, кој е рекордер со 16 вакви натпревари во серија.

Макси и Херис со по 33 поени биле најефикасни во редовите на домашниот тим, а Филаделфија стигна до 20-та победа сезонава.

Филаделфија – Торонто 121:111
Хјустон – Далас 122:96
Голден Стејт – Вашингтон 129:118
Сакраменто – Фeникс 120:105
Бруклин-Денвер 117:122
Мајами-Атланта 122:113

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни