Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ и Мидлтон додаваа како Брејди, Динвиди блесна на враќањето во Бруклин (Видео)

Објавено

на

Утринава беа одиграни само четири натпревари во НБА лигата, а само Лос Анџелес Лејкерс ги разочара своите фанови на домашен терен.

Без рекордерот ЛеБрон Џејмс во тимот, Лејкерс немаа решение за Милвоки, тимот кој ја оправда фаворитската улога со победа 106:115. Шрудер со 25 и Дејвис со 23 поени биле најдобри реализатори кај Лејкерс, додека Адетокумбо доминирал со 38 поени на теренот.

Орландо избори важна победа над Денвер (114:105), откако на гостите не им помогнаа ниту 37 поени на Гордон и уште 29 уфрлени од Јокиќ.

На овие две средби, Мидлтон и Јокиќ испратија слични асистенции, односно „тач-даун додавања“, со кои веднаш станаа хит на социјалните мрежи.

Бруклин го совлада Чикаго со 116:105, а на оваа средба беше воден од повратникот Спенсер Динвиди, кој го завршил дуелот со 25 поени. Јанг со 36 поени ја одведе Атланта до победа над Феникс со резултат 116:107.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни