Поврзете се со нас

Свет

Инфантино ги „израдува“ клубовите: На фудбалот му се потребни повеќе натпревари

Објавено

на

Џани Инфантино денеска доби нов мандат и ќе биде претседател на ФИФА уште најмалку четири години, а во своето обраќање изнесе став кој сигурно ги загрижува клубовите.

Досега клубовите постојано негодуваа поради натрупаниот распоред и зголемиот број натпревари, но ФИФА реши да го зголеми и терминот за одржување на мундијалите, а најави и нов формат на Светското клупско првенство.

Инфантино од конгресот на ФИФА најави дека ова се позитивни чекори за играта.

– Слушам дека некои велат дека има многу натпревари. Можеби некаде, но не и секаде.

– Потребни се повеќе натпреварувања за да го развиеме фудбалот глобално. Веќе разговарама за одржување на ФИФА светска серија секои две години за селекциите кои нема да играат квалификации, – изјавил Инфантино.

На СП 2026 година ќе се играат 104, наместо досегашните 80 натпревари, па победникот ќе треба да одигра осум наместо седум натпревари како досега. Од 2025 година ќе се игра Светско клупско првенство со 32 екипи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни