Италија
Инѕаги се пожали: Скапо го плативме голот од офсајд кој го постигна Наполи (Видео)

Наполи оствари драгоцена победна на гостувањето во Салерно и славеше над Салернината со 0:2, а најпозитивна вест од овој меч беше тоа што стрелец на клучниот гол беше Елиф Елмас.
Македонскиот репрезентативец со соло акција стави печат на победата и ги завери трите бода за гостите од Неапол, но ако неговиот гол беше чист и целосно регуларен, оној првиот отвори голема дебата во Италија.
Оливера беше во очигледен офсајд и имаше допир со топката пред очите на линискиот судија, па иако цела дефанзивна линија на Салернитата чекаше офсајд, на крајот тоа не се случи.
Во меѓувреме, гостите започнаа нова акција и постигнаа гол преку Распадори, а бидејќи се работеше за комплетно друга акција, ВАР не можеше да интервенира и да ја проверува одлуката.
– Добивме аплауз од навивачите на крајот од мечот и тоа е она што го заслуживме. Тимот даде се од себе против шампионот на Италија, скапо го плативме чистиот гол од офсајд кој го постигна Наполи. Не знам зошто судијата не го крена знаменцето. После тоа, Наполи чекаше контри и дочека во 82-та минута, – изјави разочараниот Пипо Инѕаги.
Proteste della Salernitana sul goal di Raspadori 💥#SalernitanaNapoli https://t.co/YoFVlYzjNb
— GOAL Italia (@GoalItalia) November 4, 2023
-
Италијапред 23 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Англијапред 21 час
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Светпред 9 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Балканпред 24 часа
Канаваро пред тренерски ангажман во Турција
-
Светпред 22 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Англијапред 13 часа
Непроценливо видео: Раја прими смешен гол, Рамздејл му фаќаше сеир од клупата за резерви
-
Европски куповипред 23 часа
Лазаров: Ова е историска победа, ќе продолжиме да работиме за доброто на македонскиот ракомет
-
АТПпред 14 часа
Љубичиќ: Синер не е како Алкарас…