Поврзете се со нас

Македонија

И Цветаноски си замина од Брера Струмица

Објавено

на

Македонскиот прволигаш, Брера Струмица ќе направи доста промени во составот за наредната сезона, а потврда за тоа се последните потези од клубот.

Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека си заминуваат дефанзивците Александар Ристевски и Агрон Руфати за да денеска стигне вест дека соработката се завршува и со Матеј Цветаноски.

Матеј одигра 25 првенствени натпревари во кампањата 2023/2024 на кои успеа да постигне 4 гола и да забележи исто толку голови.

Од Брера му се заблагодарија на Цветаноски и му посакаа многу голови и во иднина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни