Поврзете се со нас

Боречки спортови

Хабиб се јави со коментар за смешната борба на Мејведер од која Американецот заработи цело богатство

Објавено

на

Хабиб Нурмагомедов засега нема план да се врати во октагонот или во било кое боречко светло откако стави крај на својата УФЦ кариера, па иако доби безброј прималиви понуди за да заработи пари, засега не се одлучува да се прикаже и во друго издание од она на кое го имаме навикнато.

За разлика од борецот од Дагестан, Флојд Мејведер е расположен за егизбиции и експерименти и заработува многу пари од ваквите борби, па откако претходно го победи МекГрегор во боксерски меч, сега ремизираше со јутјуберот Логан Пол.

Големиот боксерски шампион доби многу критики поради смешната борба која ја искористи само да го зголеми своето богатство, а сега со коментар се јави и неповторливиот УФЦ првак кој смета дека Американецот знае како да го тера својот „бизнис“.

– Што сакате да кажам. Двајцата излегоа и заработија многу пари. Стариот Мејведер излезе, заработи 100 милиони долари и тоа е тоа.

– Ова беше класичен бизнис, класична заработка на пари на лесен начин, без никаков натпреварувачки дух. Зарем треба да им кажам да не заработуваат пари? Изрежираа спектакл за фановите и заработија милиони долари, – изјави Нурмагомедов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни