Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гредата спречи мајсторија: Леао за малку ќе го постигнеше голот на сезоната (Видео)

Објавено

на

Милан одигра тежок натпревар против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, а имаше водство уште од 20. минута, кога Рафаел Леао го постигна својот прв погодок во елитното натпреварување.

Португалецот играше до 55. минута, но можеше да постигне гол за кој долго ќе се зборуваше уште во првото полувреме.

Леао испрати удар со ножички, но топката заврши во гредата и се врати во поле, а домашните фанови само воздивнаа по пропуштената шанса.

Милан во продолжение не само што ја испушти предноста, туку дозволи целосен пресврт и натпреварот заврши со резултат 1:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни