Поврзете се со нас

Европски првенства

Големо невреме во Букурешт: Поплавен медија центарот и одложен тренингот на репрезентацијата

Објавено

на

За „Дерби“ од Букурешт,
Александар Табаковски

Силно невреме предизвика непријатности и го шокираше организацискиот персонал во Букурешт, по што запреа редовните активности во пресрет на натпреварот од групата Ц, закажан за утре.

Теренот и придружните објекти беа поплавени од едночасовната “филмска бура”, па тренинзите на двете селекции беа поместени.

Македонските новинари кои се затекнаа пред стадионот ја регистрираа оваа случка, по која Центарот за акредитации беше поплавен бидејќи организаторите го сместиле во ниско приземје.

Поради сето ова, пресот на Ангеловски и Пандев не беше посетен и се очекува дополнителен напор за нов термин, а веројатно и друга локација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни