ВТА
Ѓорческа со два различни сета до четвртфинале на турнирот во Грција

Лина Ѓорческа одигра два различна сета против шпанската ривалка Андреа Лазаро Гарсија, но на крајот заслужено си избори место во четвртфиналето на вториот турнир во Ираклион.
Македонската тенисерка доби поголем отпор од својата врсничка во првиот сет, во кој Лазаро Гарсија врати еден брејк, но Ѓорческа направи уште еден и го круниса со гејм на свој сервис за конечни 7:5.
Во продолжението беше многу полесно за Лина, нашата претставничка не загуби ниту еден гејм и со убедливи 6:0 ја заокружи победата од 2:0 во сетови.
Со истата, Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето, каде ќе се сретне со Романката Кристина Дину.
Она што оди во корист на најдобрата македонска тенисерка е што Дину денеска одигра меч кој траеше речиси четири часа, а дополнително ќе игра и дубл во вториот дел од денешната програма.
-
Англијапред 23 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него
-
Англијапред 20 часа
Сколс закачи две ѕвезди на Јунајтед по поразот од Њукасл: Тој му нанесе повеќе штета на тимот отколку добро
-
Англијапред 13 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Атлетикапред 19 часа
Ивановски постави нов македонски рекорд на маратонот во Валенсија
-
Англијапред 19 часа
Мек Алистер за препирката меѓу Гвардиола и Нуњез: Јас се смеев…(ВИДЕО)
-
Англијапред 11 часа
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Италијапред 15 часа
Италијанска драма: Голманот не Лече се избори за пенал во 96. минута! (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед