Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ за следната етапа во кариерата: Не знам дали ми е потребен тренер

Објавено

на

foto:twitter.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ веќе потврди дека нема да настапува на престижниот Мастерс во Мадрид, а истовремено останува дилемата и дали и кога ќе назначи нов тренер.

По отказот за Горан Иванишевиќ, Ѓоковиќ добиваше поддршка од сонародникот Ненад Зимоњиќ во Монте Карло, но во последната изјава светскиот рекет број еден најавил дека можеби и нема да ангажира нов тренер.

– Се уште се прашувам дали ми е потребен тренер, размислувам на различни теми.

– На последниот турнир бев со Зимоњиќ, но конечната одлука ќе ја донесам наредните недели.

– Играм тенис над 20 години и имав различни тимови, јасно е дека дел од формулата за успех се и тренер и физиотерапевт. Сепак, јас сум во фаза од кариерата во која се прашувам дали една од опциите е и да немам тренер, – рекол Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни