Поврзете се со нас

Дејвис куп

Ѓоковиќ го бранел Алкарас пред шпанските новинари

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/CincyTennis

Новак Ѓоковиќ е во Валенсија каде ќе настапува за Србија во Дејвис куп пресметката со Шпанија, но во неа нема да има ново соочување со Карлос Алкарас.

Младиот Шпанец реши да го откаже настапот веднаш по елиминацијата во полуфиналето на Ју-Ес Опен, што му донесе и многу критики од медиумите и дел од поранешните шпански тениски ѕвезди.

Ѓоковиќ на денешната прес-конференција џентлменски застанал во одбрана на својот помлад колега и веројатно најголем ривал во моментов.

– Можеби сте изнервирани што не е овде, што јас имам 36 години, а тој 20, а јас сум тој кој реши да настапува.

– Но, не треба да заборавите дека играше минатата година, дојде овде веднаш по Ју-Ес Опен. Точно е дека има 20 години, но и тој не е Супермен.

– Се работи за специјален играч кој веќе има две грен-слем титули, има блескава иднина, па за нашата репрезентација е добро што нема да биде тука, – истакнал Ѓоковиќ.

Шпанија и Србија се во иста група со Јужна Кореја и Чешка, а двете најдобри селекции ќе обезбедат пласман на Топ 8 завршниот турнир.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни