Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ без проблеми до осминафиналето на Мастерсот во Рим

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ без проблеми ја мина првата пречка на Мастерсот во Рим, на кој светскиот рекет број еден влезе со амбиции да стигне до уште еден важен трофеј во кариерата.

Србинот денеска го совлада рускиот ривал Аслан Карацев со 2:0 во сетови и на тој начин си обезбеди пласман во осминафиналето.

Првиот сет донесе по еден брејк на двете страни, но и трет во корист на Ѓоковиќ во осмиот гејм, со што Новак истиот го доби со 6:3 и фактички ја најави победата.

Вториот сет започна со брејк на фаворитот, кој во продолжение одзема уште еден сервис на противникот и го затвори мечот со конечни 6:3/6:2 за очекуван пласман во следната рунда.

Во осминафиналето, Ѓоковиќ ќе игра против својот сонародник Ѓере или пак стариот познаник Вавринка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни