Поврзете се со нас

Светски првенства

Гидсел го оставил ИХФ признанието на подот во салата: Не планирам да го влечам со себе во Берлин

Објавено

на

Данскиот репрезентативец Матијас Гидсел направи невообичаен потег по вчерашниот натпревар на кој неговата селекција го победи Тунис на СП во ракомет.

Данците ја оправдаа фаворитската улога и без проблеми го потврдија првото место во групата, а Гидсел постигна 8 гола.

ИХФ одлучи да му ја додели наградата за играч на натпреварот токму на данскиот бек, но тој буквално го фрлил признанието со специфичен формат, па данските медиуми го лоцираа на подот во салата.

– Не заслужив да ја добијам наградата и не знам каде заврши.

– Не сакам да го влечам тоа со мене во Берлин, тие признанија им се доделуваат на тие што ги сакаат.

– Никлас Ландин беше фантастичен, мислам дека не го заслужив тоа признание, не сум задоволен од својот настап, – изјавил Гидсел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни