Поврзете се со нас

Македонија

Фудбалска фешта во Кавадарци по историскиот успех на Тиквеш, навивачите добија ветување од Јанчев (Видео)

Објавено

на

Тиквеш испиша историја и за првпат во своето постоење ја освои титулата во Купот, а најголемото достигнување за клубот од тиквешијата предизвика фудбалска фешта во Кавадарци.

Треската која го зафати овој град почна да ескалира во завршните денови пред големото финале на „Тодор Проески“, па сосема очекувано, своја кулминација доби по победата од 2:1 и враќањето во Кавадарци.

Илјадници фанови на Тиквеш излегоа на улиците во Кавадарци и заедно со фудбалерите го прославија големиот успех, пришто небото гореше од факели, огномети и пиротехнички средства.

Фудбалските херои се обратија пред насобраните фанови и потенцираа колку овој трофеј е важен за клубот и градот Кавадарци, а свој збор имаше и човекот кој е најголем поддржувач на фудбалскиот проект.

Градоначалникот Митко Јанчев нагласи дека фудбалска Европа сега ќе дознае за Кавадарци, но и најави дека проектот е навистина амбициозен и посочи дека следат уште поубави денот за фудаблската гордост од тиквешијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни