Поврзете се со нас

Свет

Француски репрезентативец уапсен за силување еден ден по триумфот на ЕП

Објавено

на

Француската ракометна репрезентација победи на Европското првенство кое заврши во неделата, но еден од членовите на оваа генерација денеска ги разочара ракометните фанови и своите сограѓани поради причината за која е топ тема во медиумите.

Бени Кункуд бил уапсен од полицијата поради обвинување дека направил обид за силување во ноќен клуб, случај во кој била инволвирана 20-годишна девојка.

– Ноќта меѓу понеделникот и вторникот, Кункуд бил во алкохолизирана состојба и се обидел сексуално да нападне млада жена, – пренесуваат француските медиуми.

26-годишниот ракометар го прославувал успехот на ЕП во ноќен клуб во Париз, а обезбедувањето повикало полиција откако добило информација за случувањата од страна на девојката.

Кункуд ја минал ноќта во полициска станица, па следниот ден одговарал на прашањата на полицијата за овој случај.

Десното крило на Французите настапи на пет средби на последното ЕП, собра 110 минути на турнирот, а постигна и два гола на дуелот со Македонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни