Поврзете се со нас

Формула 1

Фетел заработи пет казнени поени од викендот во Бахреин

Објавено

на

Себастијан Фетел го промени тимот и во новата Формула 1 сезона влезе како возач на Астон Мартин, но не се прослави на трката во Бахреин.

Германецот кој со реномето на поранешен светскиот шампион во Ф1 останува меѓу најголемите ѕвезди во шампионатот, имаше лоши квалификации и уште полоша трка, заработувајќи вкупно пет казнени поени.

Најпрвин во квалификациите не успеа да ја мине првата сесија, а подоцна беше казнет да стартува од последното место и со три казнени поени, затоа што не ги почитувал жолтите знамиња.

Пилотот на Астон Мартин имаше солиден почеток на трката и стигна до 14. место, но успеа да го собере одзади Естебан Окон, па дури и да го обвини возачот на Рено за инцидентот.

Не само што стјуардите не се согласија со неговата верзија, туку Фетел доби казна од 10 секунди и уште два казнени поени, а на крајот заврши на 15. место и зад него беше само дебитантот и сонародник Мик Шумахер.

– Се обидов да поминам од левата страна, но тогаш и Окон почна да се движи налево. Почнав да сопирам, но не можев да го избегнам неговиот болид, – изјави Фетел по трката.

Формула 1 има предвидено автоматска суспензија на една трка ако возачот заработи 12 казнени поени во текот на една година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни