Поврзете се со нас

Италија

Екс напаѓач на Јувентус: Сигурен сум дека Зидан ќе ги води „бјанконерите“

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Макс Алегри се уште не е потврден како тренер на Јувентус за следната сезона, а дел од фановите посакуваат шанса да добие поранешната ѕвезда на „бјанконерите“, Зинедин Зидан.

Французинот долго е без ангажман и нејасно е кога планира да се врати на тренерската работа, но според Дарко Ковачевиќ прашање на време е кога ќе го води Јувентус.

– Играв со Зидан и знам колку го сака Јувентус.

– Сигурен сум дека еден ден ќе го води Јуве, не знам само кога ќе се случи тоа, – изјавил поранешниот српски репрезентативец.

Ковачевиќ имал коментар и за Игор Тудор, кој ќе дебитира на клупата на Лацио токму против Јувентус.

– Игор е совршен избор за Лацио, сигурно ќе му направи проблеми на Јувентус. Тој е одличен тренер и тоа го докажа во Марсеј и Верона, неговите екипи играат атрактивен фудбал, – истакнал Ковачевиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни