Поврзете се со нас

Италија

Дриблинг мајстор: Кварацхелија со „двоен тунел“ измести двајца противнички фудбалери (Видео)

Објавено

на

Специја се брани со сите сили во Неапол и засега одолева на нападите на домаќинот, но гостите дефинитивно имаат најмногу проблеми со задржување на Квича Кварацхелија.

Грузискиот репрезентативец е откровение на сезоната во Серија А на самиот старт и сите експерти зборуваат за неговите изданија, па сега понуди два импресивни дриблинзи во период од само неколку секунди.

Кварацхелија продаде „двоен тунел“ во иста акција на двајца противничките фудбалери, а само блокот спречи да видиме сензационален гол во првото полувреме.

Квича беше убедливо најактивен играч на Наполи во првото полувреме, а денеска место во стартната постава доби и Елиф Елмас кој се најде во средниот ред и кој игра токму зад Кварацхелија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни