Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ ги изнасмеа Шек и останатите легенди со одговорот за чуварот кој го излуде: Не можам да се движам брзо, но….. (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/dallasmavs

Лука Дончиќ ја реши Минесота и на вториот натпревар во конференциското финале и донесе голема преднсот за Далас од 2:0, а начинот на кој го направи тоа беше навистина импресивен.

Словенецот постигна клучна тројка на три секунди пред крајот и тоа го направи против најдобриот дефанзивец во НБА лигата, за кого имаше и „жолчни“ зборови откако го погоди кошот.

Дончиќ употреби низа пцовки и му се одмазди на Руди Гобер од кого доби незгоден удар во стомакот во втората четвртина, па овој нивни дуел беше доста популарен и по крајот на мечот.

При гостувањето во студиото на „ТНТ“, Дончиќ бил запрашан како успеал да се справи со најдобриот дефанзивец во лигата, по што Лука успеал да ги изнасмее Шекил О’Нил и останатите.

– Тој е доволно долг и се останато….. Јас не можам да се движам брзо, но можам да се движам побрзо од него…. , – со насмевка порача Дончиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни