Поврзете се со нас

Англија

Де Брујне даде мајсторски гол, Гвардиола му држеше лекции на друг играч на Сити (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола е фудбалски перфекционист и тоа посебно доаѓа до израз кога неговиот тим игра важни натпревари, како што беше оној против Арсенал изминатава вечер.

Во директната битка меѓу двата тима кои се борат за титулата во Премиер лигата, Сити победи со 4:1 и сега има се во свои раце за одбрана на трофејот, а колку овој меч му значеше на Гвардиола можеше да се процени и од неговите реакции.

Шпанецот добро знае дека Арсенал игра врвен фудбал оваа сезона и дека се покажа како пеколно тежок противник, па поради тоа, не остана мирен и кога изгледаше дека неговиот тим има контрола.

Кевин Де Брујне го постигна најубавиот гол на дербито со кое го отвори резултатот, но додека сите на „Итихад“ го славеа голот, Гвардиола имаше забелешки за еден играч на Сити.

Пеп очигледно не беше задоволен со изнесувањето на топката во почетната фаза, па му држеше лекции на голманот Едерсон додека сите други ја славеа мајсторијата на Белгиецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни