Поврзете се со нас

АТП

Далеку од посакуваната форма: Ѓоковиќ покажа две лица и доживеа болен пораз во Женева (ВИДЕО)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ игра сезона далеку под своето ниво и потврда за тоа добиваме на секој настан на кој има играно во 2024 година со тоа што најновата ја добивме денеска во Женева каде Србинот загуби од 44. светски тениски рекет.

Најдобриот светски рекет покажа две лица, а кога е така тешко е да се слави против било кој тенисер особено ако се работи за Топ 100, топ 50, бидејќи разликата во квалитетот е се помала и решаваат нијанси. На патот на Ѓоковиќ застана Томаш Махач кој ја оствари најголемата победа во својата кариера и утре ќе игра во големото финале за пехарот.

Фаворитот „газеше“ добро во првиот сет во кој водеше со 4-1, но потоа доживеа пад и истиот го загуби со 6-4. Меѓутоа Ноле се врати во вториот со брутално издание, партија од 6-0 со која израмни на 1-1 во сетови.

Ама одново српскиот тенисер влезе во „бунар“ и продолжението го загуби со 6-1 и со тоа одново ги разочара сите негови фанови.

Со ова Ѓоковиќ понатаму останува без титула и без финале во актуелнава календарска година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни