Поврзете се со нас

Шпанија

Чави со емотивна порака: Никогаш не е лесно да го напуштиш клубот на твојот живот…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona_cat

Чави Ернандес ќе си замине од Барселона по крајот на оваа сезона, одлука која ја донесе клубот на чело со претседателот Жоан Лапорта.

До пред неколку недели токму Лапорта и најблиските соработници го убедуваа Чави да остане, притискаа за негово останување во секој јавен настап за да во изминативе денови дојде до комплетен пресврт и Жоан биде тој што најмногу инсистира за заминување на Ернандес што дефинитивно е потег кој тешко може да се разбере.

Легендата на Барса ја прифати одлуката на управата, па ги искористи социјалните мрежи да се обрати до навивачите и испрати емотивна порака.

-Драги пријатели, во недела ќе заврши мојата етапа на клупата на Барса. Никогаш не е лесно да го напуштиш клубот на твојот живот, но јас сум многу горд, по две и пол години на чело на соблекувалната која е како второ семејство. Сакам да им се заблагодарам на навивачите за поддршката и наклонетоста, секогаш беа покрај мене и ми ја покажуваа истата љубов во секое време како во мојата фудбалска фаза.

-Од недела ќе бидам навивач повеќе на трибините, било сега на Олимпискиот стадион или за неколку месеци на Новиот Камп Ноу. Затоа што пред да бидам играч или тренер, јас сум навивач на Барселона и го сакам само најдоброто за клубот во мојот живот.

-Работев со одлична група играчи и одличен персонал. Благодарение на сите нив ги постигнуваме поставените цели цели, кулминирајќи минатата година со Лигата и Суперкупот. Оваа сезона работите не одеа како што сакавме, но ние го оставивме тоа и помогнавме да расте нова генерација млади фудбалери од Ла Масија кои ги инспирираат сите навивачи.

-Ви благодарам многу на сите. До навивачите, играчите, персоналот, вработените во клубот, претседателот, управниот одбор, спортските директори, медиумите и сите со кои го споделив патувањето во овие две и пол сезони. Му посакувам се најдобро на клубот што го носам во моето срце. Виска Барса, -порача Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни