Поврзете се со нас

Шпанија

Чави: Не замислував ваков крај, одговорите барајте ги кај Лапорта и Деко!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Чави Ернандес ова утро го одржа последниот тренинг како тренер на Барселона, а попладево дојде ред и на последната прес-конференција пред еден официјален натпревар.

Сосема очекувано, обраќањето на Чави предизвика големо внимание поради потресот кој настана во изминатите десет дена, а кој вчера кулминираше со отказ за легендата.

Жоан Лапорта му врачи отказ на Чави само еден месец откако со солзи потврди дека тој ќе го води тимот наредната сезона, па Чави денеска отворено призна дека ќе било подобро да си заминел во поинакви услови.

– Вчера разговарав со претседателот и ми ги нагласи своите причини за отказ. Јас морав да го прифатам тоа. Јас сум човек на клубот, секогаш ќе стојам на страната на Барса. Си подадовме рака, се прегрнавме и ќе бидам навивач плус од утре. Им посакувам се најдобро на сите, особено на играчите. Лапорта и спортскиот директор Деко одлучија дека е потребна промена.

– Мора да го прифатам тоа и да го почитувам. До денес бев максимално мотивиран, верував во тимот и сметав дека со мали промени можеме да направиме многу. Заминувањето не значи дека ја затворам вратата за во иднина. Секако дека би се вратил, уживав во ова искуство и доживеав безброј емоции. Не ја затворам вратата за враќање, би било добро да добијам шанса да се вратам. Не замислував ваков крај, но тоа е што е, така одлучи клубот.

– Си одам без проблеми, благодарен сум на претседателот, на сите директори во клубот. Се адаптирам на сите услови, дури и во најтешки ситуации. Минавме многу тешки моменти во овие две ипол години и не ми преостанува ништо друго освен да ја прифатам одлуката на Лапорта.

– Причини за отказот? Прашајте ги Лапорта и Деко, тоа е прашање за нив, тие треба да дадат објаснување. Јас го кажав своето, ако не останам во Барселона, ќе направам мала пауза. Потребна ми е пауза, а потоа ќе мислам за иднината, – изјави Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни