Поврзете се со нас

Шпанија

Чави: Една работа посебно ме изненади кај Гави (Видео)

Објавено

на

Суперталентираниот Гави без никаков сомнеж е откровение на стартот на новата натпреварувачка сезона во Примера, но воопшто и во Европа ако се земе во предвид дека новопечениот шпански репрезентативец има само 17 години.

Роналд Куман е заслужен за експлозијата на Гави на европската сцена бидејќи холандскиот стручњак има максимална доверба во квалитетите на надежниот играч за врска, кој посебно воодушеви со зрелоста и умешноста на завршниот турнир на Лигата на нации како член на Шпанија.

Медиумите од Пиринеите во изминатите два месеци постојано го споредуваат Гави со легендарниот Чави, а сега со коментар за играта на тинејџерот излезе и поранешниот капитен на каталонскиот гигант.

– Гави е дете со огромен талент, а најмногу ме изненади тоа што со свои 17 години се натпреварува како да има 30. Тоа е квалитетот кој веќе се гледа кај Гави. Како се натпреварува, како се движи, техничкиот квалитет и талентот го прават фудбалер за иднината, но и за сегашноста.

– Ни покажа дека со 17 години може да се натпревраува на највисоко ниво, во едно финале и тоа е импресивно. Неверојатно е што прави разлика на такво ниво на таа возраст. Му предвидувам спектакуларна иднина, има се за да продолжи да триумфира, – потенцира Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни