Поврзете се со нас

Репрезентација

„Билд“: Фудбалското џуџе Македонија ја направи Германија смешна!

Објавено

на

Германската јавност е шокирана од поразот на фудбалската репрезентација на дуелот со Македонија, а угледниот „Билд“ не ги штедеше репрезентативците и пред се селекторот Јоаким Лев.

– Колку засрамувачки!

– Со патетичен настап, Германија се посрамоти на дуелот со Македонија (1:2). Да, Македонија!

– На германските репрезентативци им недостасуваше посветеност и желба. Фудбалско џуџе кое е на 65. место на ФИФА ранкингот и има само тројца фудбалери во топ лигите, успеа да ја направи Германија смешна, – стои во извештајот од натпеварот на „Билд“.

Македонија победи со 2:1 во Дуизбург со головите на Пандев и Елмас, остварувајќи ја една од најголемите победи во историјата на македонскиот фудбал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни