Поврзете се со нас

Балкан

Барди несреќно му подари пенал на Бешикташ, Трабзон ја загуби Куп драмата во Турција (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Бешикташ успеа да слави над Трабзонспор со 3-2 во вечерашното Куп финале во Турција.

Многу возбудувања донесе овој меч кој беше решен во судиското продолжение кој го постигна Ал Мусрати во 94 минута. Семо неколку минути претходно Пепе стрелаше за 2-2 и се изгледаше како дека ќе има „трето полувреме“ (продолженија), меѓутоа токму по едно лошо исфрлање на поранешниот играч на Арсенал, интернационалецот од Либија донесе голема радост за клубот од Истанбул.

Нашиот Енис Барди го одигра целиот меч, меѓутоа немаше свој ден, несреќно му подари на противникот пенал во првото полувреме, во вториот дел доби и жолт картон, потоа со еден прекршок ризикуваше и нова санкција, па дефинитивно нема по добро да ја памети оваа пресметка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни