Поврзете се со нас

Формула 1

Астон Мартин му го „украде“ еден од најважните инженери на Мерцедес

Објавено

на

Амбициозниот Формула 1 тим на Астон Мартин денеска објави дека го ангажирал еден од најважните инженери на шампионскиот тим на Мерцедес.

Се работи за првиот човек на одделот за аеродинамика, Ерик Бландин, кој од следната 2022 година ќе работи на развивање на болидите на Астон Мартин.

Бландин беше главен во однос на аеродинамиката во тимот на Ред Бул од 2005 до 2009 година, кратко беше во Ферари, а од 2011 година доби ангажман во Мерцедес, екипата која ги освои последните седум титули во Формула 1.

Претходно, Астон Мартин ги ангажираше Ден Фароуз и Лука Фурбато, кои зад себе имаат големо искуство во Формула 1.

Астон Мартин најави изградба на нова фабрика за потребите на Формула 1 тимот, исто како и нов воздушен тунел со чија помош ќе се работи на аеродинамиката на идните болиди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни